„Мешање во внатрешните прашања“

Кина вети соодветен одговор на американската продажба на оружје на Тајван

Кина денес вети дека ќе упати „адекватен и неопходен одговор“ ако Соединетите Американски Држави продолжат со најновата планирана продажба на оружје на Тајван.

EPA-EFE

Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Ванг Венбин кажа дека продажбата на оружени дронови за 600 милиони долари на Тајван е „брутално мешање во внатрешните работи на Кина кое сериозно го поткопува кинескиот суверенитет и безбедносните интереси“.

САД би требало да ги откажат сите такви продажби на Тајван „за да се избегне понатамошно загрозување на односите на Кина и САД и мирот и стабилноста на Тајван“, им кажа Ванг на новинарите на дневниот брифинг.

Кина, која Тајван го смета за своја територија, „ќе даде адекватен и непходен одговор во согласност со развојот на ситуацијата“.

Американскиот Стејт департмент вчера соопшти дека одобрил Тајван да купи четири дрона – беспилотни летала и содветна опрема „спремна за оружје“.

„Предложената продажба им служи на американските државни, економски и безбедносни интереси, поддржувајќи ги континуираните напори на примачот (Тајван) да ги модернизира оружените сили и да одржи кредибилна одбранбена способност“, се наведува во соопштението.

„Предложената продажна ќе помогне во подобрување на безбедноста на примачот (Тајван) и одржување на политичката стабилност, воената рамнотежа, економскиот и општиот напредок во регионот“, оцени Стејт департментот.

Само минатата недела администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп одобри планови за продажба на ракетни системи „харпун“ на Тајван за 2,37 милијарди долари. Тоа беше направено само неколку часа откако Пекинг, поради претходниот договор за испорака на оружје на Тајван, најави санкции за американските произведувачи на воена техника, вклучувајќи го Боинг, водечкиот испорачувач во договорот за „харпун“ системите.

Владејачката Комунистичка партија на Кина тврди дека Тајван, кој во 1949 година за време на граѓанската војна се отцепи од Кина, е дел од нејзината територија и се заканува дека со инвазија ќе го врати во составот на кинеската држава. Вашингтон во 1980-тите години вети дека ќе прекине со продажба на оружје на Тајван, инсистирајќи дека спорот на Тајван со пекинг мора да се реши по мирен пат.

Кинеско-американските односи се спуштија на најниско ниво поради споровите за безбедноста, технологијата, пандемијата на коронавирусот и човековите права.

Тајван одамна е проблем во односите на Пекинг и Вашингтон. САД немаат формални односи со владата на одметнатиот остров, но се нејзин главен сојузник.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе