Кина утре во вселената испраќа вселенско летало со екипаж

Кина утре ќе испрати три лица во вселената во својата прва мисија со екипаж по скоро пет години, како дел од амбициозниот план за завршување на вселенската станица до крајот на следната година.

Кина планира да го лансира вселенското летало Шенжу-12 со екипаж утре од Џијукван во северозападната провинција Гансу, изјави за новинарите претставник на Кинеската вселенска агенција Џи Кајминг.

Екипажот ги вклучува астронаутите Ни Хејшанг (56), Лиу Боминг (54) и Танг Хонгбо (45), додаде тој.

Мисијата ќе ја води Ни, поранешен пилот кој ќе биде најстариот национален астронаут што отишол во вселената. Ова е негово трето патување во вселената, по мисиите Шенжу-5 во 2003 година и Шенжу-10 во 2013 година.

Шенжу-12, што значи „Божествен брод“, ќе биде трета мисија од вкупно 11 мисии потребни за изградба на кинеската вселенска станица.

Кина започна со изградба на вселенска станица оваа година кога кон крајот на април во орбитата го лансираше Тијанхе, првиот и најголемиот од вкупно трите модули.

Тричлениот екипаж треба да остане на Тијанхе, што значи Небесна хармонија, три месеци

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе