Кина успешно тестираше вакцина против ковид-19, сите доброволци развиле огромен број антитела

Кинеската Национална биотек груп (ЦНБГ) во неделата соопшти дека првите резултати од тестирањето на кандидат за вакцина против коронавирус на луѓе сугерираат дека таа може да биде безбедна и ефикасна. Ова е втор кандидат за вакцини од фирмата што покажува охрабрувачки резултати во клиничкото испитување.

Фото: ЕПА

Експерименталната инјекција, развиена од единицата на ЦНБГ со седиште во Пекинг, предизвикала огромен број антитела кај сите инокулирани учесници во клиничкото испитување во фазата 1/2, во кое биле вклучени 1.120 здрави луѓе, според првичните податоци на тестирањето, соопшти ЦНБГ во објавата на платформата за социјални медиуми ВиЧет. Волунтерите примиле по две дози од вакцината.

На кинеските компании и истражувачи им беше дозволено да тестираат осум кандидати за вакцина кај луѓе од дома и од странство, со што Кина стана главен играч во трката за развој на вакцина против вирусот од кој починаа скоро 500.000 луѓе во светот.

ЦНБГ, поврзана со државната национална фармацевтска група Кина (Синофарм), овој месец порача дека друг кандидат за вакцина, произведен од нејзината единица со седиште во Вухан, исто така, безбедно предизвикал голем број антитела кај учесниците во клиничкото испитување врз основа на првичните резултати.

Вакцината мора да ја докаже својата ефикасност во тестирањето врз луѓе во „Фаза 3“, каде што се регрутирани илјадници учесници, за да биде дозволена нејзината продажба.

ЦНБГ во вторникот соопшти дека фазата 3 за својот кандидат за вакцина ќе ја води во Обединетите Арапски Емирати, без да прецизира која вакцина ќе биде тестирана.

СЗО во петокот ги објави плановите за испорака на 500 милиони тестови до земјите со низок и среден приход (ЛМИК) до средината на 2021 година, 245 милиони курсеви за лекувања до средината на 2021 година и 2 милијарди дози вакцини, од кои 1 милијарда ќе бидат купени до крајот на 2021 година.

Според веб-страницата на СЗО, има 16 кандидати за вакцини против ковид-19 во клинички испитувања низ светот, од кои седум ги развиваат кинески компании или заеднички ги развиваат кинески и странски компании.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе