Кина успешно го активираше своето „вештачко Сонце“ (ВИДЕО)

Кина за прв пат успешно го лансираше својот нуклеарен фузиски реактор, честопати нарекуван „вештачко Сонце", објавија државните медиуми минатата недела.

Screenshot

Реакторот ХЛ-2М Токамак е најголемиот и најнапредниот кинески експериментален фузиски реактор, а експертите се надеваат дека во иднина би можел да стане чист извор на енергија.

ХЛ-2М Токамак бил завршен кон крајот на минатата година и се наоѓа во југозападната кинеска покраина Сечуан. Користи силно магнетно поле за да манипулира со врела плазма и може да достигне температура од над 150 милиони степени Целзиусови, што е околу 10 пати потопло од јадрото на Сонцето.

Кинезите го нарекуваат „вештачко Сонце“ затоа што произведува огромна количина на топлина и енергија, пишува АП.

Процесот на фузија, што се одвива во нашето Сонце, се смета за „свет грал“. Имено, фузискиот реактор, доколку проработи, би бил ефтин и скоро неисцрпен извор на енергија. Не би емитирал стакленички гасови и, за разлика од фисијата, не би ја загадувал околината со радиоактивни материјали.

Овој тип на реактор треба да генерира огромни количини на енергија со спојување на атомско јадро, што е спротивно на постапката во нуклеарните електрани или при развој на атомско оружје при што доаѓа до цепење, односно распаѓање на атомот.

Да се постигне фузија е исклучително тешко и неизмерно скапо. Најголем реактор од овој тип (ИТЕР, Меѓународен термонуклеарен експериментален реактор) се гради во Франција, треба да биде готов во 2025 година и ќе чини вкупно околу 22,5 милијарди американски долари.

Длабоко во внатрешноста на Сонцето, фузијата се одвива така што атомите на водород се спојуваат едни со други поради силното влијание на гравитацијата и температурите од 15 милиони степени Целзиусови.

За да се постигне истиот резултат на Земјата, со оглед дека не може да се произведе гравитацијата на Сонцето, мора да се создадат температури речиси 7 пати повисоки од оние на Сонцето, притоа да се одржува плазмата стабилна. Таа во ниту еден момент не треба да дојде во контакт со резервоарот каде се одвива фузијата.

Доколку се оствари тоа, би дошло до енергетска револуција, нова ера во физиката. За разлика од фисискиот реакторот, фузискиот реактор речиси воопшто не би ја загадувал околината. „Отпад“ на ваков реактор воглавно би бил хелиумот, кој не е штетен за флората и фауната.

Засега, Кинезите го направиле својот прв чекор - изградба на фузиски реактор кој успешно е вклучен, т.е. активиран. Сега допрва треба да се види колку е успешен во долготрајно и одржливо создавање на процесот на фузија.

Имено, во светот засега се функционални неколку токамаки, а рекордот во најдолго одржување на плазмата го држи токамак Торе Супра во Франција, каде што плазмата била стабилна 6 минути и 30 секунди. Се претпоставува дека ИТЕР првично може да ја одржува плазмата помеѓу 5 и 10 минути, што би бил клучен чекор кон идната комерцијализација на фузиските реактори.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе