Кина: Уште 97 луѓе умреа од коронавирусот

Кинеските власти објавија нови 97 смртни случаи на коронавирусот, со што вкупната бројка на починатите стана 2.442.

Сите смртни случаи, освен еден, се пријавени во централната провинција Хубеи, од каде што почна епидемијата во декември.

Повеќето од овие смртни случаи се во Вухан, главниот град на провинцијата, кој од 23 јануари е во изолација со своите 11 милиони жители.

Здравствените власти објавија 648 нови случаи на зараза во Кина, што доведува до бројка од вкупно 77.000 заразени со новиот вид коронавирус, кој предизвикува пневмонија.

Бројот на починатите пријавен денес е малку помал од бројот на починатите соопштен вчера.

Заразата по Кина се појави во уште дваесетина земји, а Светската здравствена организација прогласи глобална вонредна ситуација.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе