Кина тврди дека уапсила речиси 13.000 „терористи“ во регионот Ксинџијанг

Кина денес ги бранеше своите контроверзни остри безбедносни мерки во западниот регион Ксинџијанг, тврдејќи дека од 2014 година уапсила речиси 13.000 „терористи".

Пекинг се соочува со се поголема меѓународна критика во врска со своите политики во регионот, во кој околу еден милион Ујгури и други претежно муслимански малцинства се сместени во логори, тврдат групите за човекови права.

Државниот совет, Кабинетот на Кина, повторно возврати со документ во кој се вели дека владата „е немилосрдна во остриот напад, кој е во согласност со законот, на секое однесување кое поддржува тероризам и екстремизам“, пренесе АФП.

Во документот се наведува дека Ксинџијанг е одамна дел на кинеската територија, но дека „терористички и екстремистички сили“ поттикнале сепаратистички активности „фалсификувајќи“ ја историјата на регионот.

„Од 2014 година, Ксинџијанг уништи 1.588 насилни и терористички банди, уапси 12.995 терористи, заплени 2.052 експлозивни направи, казни 30.645 лица за 4.858 нелегални верски активности и конфискува 345.229 примероци на нелегални верски материјали“, според документот.

„Антитерористичките и антиекстремичките операции во Ксинџијанг отсекогаш биле спроведувани во согласност со правото“.

Акцент се става на „превентивниот антитероризам“ се вели во документот, вклучително и воспоставување „образовни центри“ за „елиминирање на терористичките активности пред да бидат извршени“.

Документот набрзо е осуден од групата за правата на Ујгурите, која го нарече „политички изговор за потиснување на Ујгурите“.

„Целта на објавувањето на таквиот документ е да биде средство за добивање локална поддршка за екстремните политики и да се прикрие злоупотребата на човековите права“, рече во соопштение Дилксат Раксит, портпарол на прогонетиот Светски Ујгурски конгрес.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе