Кина тестира цел повеќемилионски град

Кина од денес спроведува масовна кампања на тестирање за коронавирусот во градот Чингдао со девет милиони жители.

EPA-EFE

Тоа се спроведува откако биле забележани шест новозаразени со ковид-19, јавија кинеските здравствени власти.

Кина, каде што новиот коронавирус се појави во 2019 година, веќе неколку месеци ја сопре епидемијата на свое тло, благодарение на строгите контроли, општото носење маски, мерките за изолација и примената на методата на следење на контактите.

На национално ниво се бележат само по неколку заразени дневно, а речиси сите Кинези кои доаѓаат од сранство се ставаат во карантин веднаш по доаѓањето.

Меѓутоа, вчера во источнот град Чингдао биле откриени шест случаи на зараза со локално потекло, што предизвика страв од повторно ширење на епидемијата.

Според локалните здравствени власти сите заразени се најверојатно поврзани со болницата во градот каде што се лекуваат пациентите од ковид-19. Но засега не се знае жариштето на инфекцијата.

Откривањето на случаите довело до големо тестирање на околу 143.000 лица во обид да се идентификуваат контактите.

Градските власти најавија масовна кампања на тестирање во шест квартови во Чингдао, во следните три дена, и тестирање на целиот град за пет дена. Властите не прецизираа колку точно луѓе ќе бидат тестирани.

Приморскиот град Чингдао е познат во светот по пивото Тсингтао, според старата транскрипција на називот на градот. Секоја година бројни туристи доаѓаат на фестивалот на пивотот, најголемата таква манифестацја во Кина.

Така и годинава во земјата каде што се сузбиени случаите на коронавирусот љубителите на пивото се собраа во август во тој град на фестивалот и пиеја без маски.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе