Кина спроведе нови воени вежби во близина на Тајван

Кинеската војска соопшти дека извршила нови вежби во близина на Тајван додека група американски конгресмени биле во посета на Тајван, кој Кина го смета за дел од својата територија, и се сретнале со претседателката Цаи Ингвен, што Пекинг го нарече нарушување на кинескиот суверенитет. Петмина американски конгресмени, предводени од сенаторот Ед Марки, доцна во неделата пристигнаа во Тајпеј во ненајавена посета.

Илустрација: ЕПА

Тоа е втора американска делегација во последно време, откако претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, го посети Тајван на почетокот на август, на што Кина одговори со големи воени вежби. Командата на Народноослободителната војска на Кина одговорна за Тајван објави дека во понеделник организирала повеќенаменски заеднички патроли за проверка на борбената готовност и воени вежби во морето и воздушниот простор околу Тајван.

Вежбите се „силна мерка за одвраќање на Соединетите Држави и Тајван од продолжување на политички трикови и поткопување на мирот и стабилноста низ Тајванскиот теснец“, се додава.

Кинеското Министерство за одбрана во посебно соопштение порача дека патувањето на делегацијата го нарушува суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина и „целосно го разоткрива вистинското лице на САД како уништувач на мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец“.

„Кинеската Народноослободителна војска продолжува со обука и подготвки за војна, решително го брани националниот суверенитет и територијалниот интегритет и решително ќе ја уништи секоја форма на сепаратистичка „независност на Тајван“ и странско мешање“, се додава.

Тајванскиот премиер Су Ценг-чанг рече дека нема да бидат спречени од одговорот на Кина на ваквите посети на странски пријатели. „Не можеме да не правиме ништо само затоа што имаме лош сосед до нас и да не дозволуваме нашите пријатели да нè посетат“, им рече тој на новинарите.

Посетата на Пелоси на Тајван ја налути Кина, која најпрво одговори со тестирање на балистички проектили над Тајпеј и прекинување на дијалогот со САД во некои области, вклучително и климатските промени. САД немаат формални дипломатски односи со Тајван, но со закон се обврзани да му обезбедат средства за самоодбрана.

Легенда под Главна слика

Илустрација: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе