Кина со експериментална вакцина вакцинирала десетици илјади луѓе

Кина вакцинирала десетици илјади свои граѓани со експериментална вакцина против новиот коронавирус со која го привлече меѓународното внимание, наспроти загриженоста на експертите во поглед на безбедноста на вакцината кои не ги поминала вообичаените фази на тестирање, јави Ројтерс.

EPA-EFE/WU HONG

Кина започна вонредна програма за развој на вакцини против вирусот САРС-КоВ-2 во јули и нуди три експериментални дози развиени од лабораторијата на државниот фармацевтски гигант кинеската Национална фармацевтска група (Синофарм) и Синовак Биотек котиран на американската берза. Четвртата вакцина, позади која стои Кансајно бајалоџикс, кинеската војска ја одобрила за употреба уште во јуни.

Пекинг не објави податоци за примена на вакцината на одредени групи во земјата, како што се медицинскиот персонал, транспортните работници и работниците кои работат на пазарите со храна.

Кинеската групација Синофарм, која развива две вакцини и Синовак потврдија дека досега се вакцинирани најмалку десетици илјади луѓе. Синофарм соопшти дека доставиле стотици илјади дози, една од нивните вакцини подразбира две или три дози за лицето да биде вакцинирано.

Меѓу вакцинираните се и извршните директори на Синовак и Синофарм, шефот на воениот оддел за медицински истражувања.

Гуиџен Ву, главниот експерт за биосигурност во Кинескиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) оваа недела откри дека и таа била вакцинирана во април, додека ја најави можноста барем некоја од вакцините да биде подготвена за јавна употреба уште во ноември.

„Досега, од вакцинираните, никој не се разболе. Не забележавме никакви несакани ефекти“, рече таа на државната телевизија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/WU HONG

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе