Кинеското Министерство за надворешни работи објави соопштение за разговорот, каде го цитираат кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, кој вели дека „Кина цврсто ќе ја поддржи руската страна под водство на претседателот Владимир Путин“.
Кина, се наведува во соопштението, го поддржува Путин во „обединувањето и водството на рускиот народ кон надминување на тешкотиите, елиминирање на нарушувањата, остварување на стратешките развојни цели и натамошно етаблирање на Русија како голема сила на меѓународната сцена“.
Во соопштението се наведува дека Лавров и Ји „размениле мислења за Украина и за меѓународните и регионалните прашања од заеднички интерес“.
Безбедносниот аналитичар Мет Таит вели дека кинескиот тон во соопштението „значително повеќе ја поддржува“ Русија отколку што било во минатото. Инаку, тоа е прв разговор меѓу Лавров и Ји откако САД воведоа санкции против Кина, пренесува Скај њуз.