Кина сега тврди дека вирусот не тргнал од Вухан

Кинескиот државен весник Пиплс дејли тврди, повикувајќи се на изјави на кинески експерти, дека вирусот САРС-Ков-2 не потекнал од Вухан, градот во покраината Хубеи каде што беше првично детектиран.

EPA-EFE

Сите достапни докази сугерираат дека вирусот кој досега зарази над 59 милиони луѓе во 190 земји не тргнал од Вухан, тврдат кинеските експерти кои ги цитира Пиплс дејли.

„Вирусот за првпат беше детектиран во Вухан, но не потекна од таму“, кажа на 19 ноември на академска онлајн конференција Зенг Гуанг, поранешниот главен епидемиолог на кинескиот Центар за контрола и превенција на болести, пишува весникот.

Ву Зунјоу, главниот епидемиолог на кинескиот Центар неодамна ја изнесе истата оценка, тврдејќи дека патогенот стигнал во Кина преку замрзнати морски плодови или месо односно нивното пакување, објави Саут Чајна морнинг пост.

Според италијанска студија која беше објавена претходно, антителата специфични за САРС-Ков-2, биле најдени во примероци на крв земани од септември 2019 до март 2020, наведува Пиплс дејли.

Во одговорот на неочекуваната епидемија Кина ги забрани јавните собири, ги затвори салите за забавни настани и воведе строг карантин во Вухан и други градови во провинцијата Хубеи. Граѓаните беа советувани од државата да ги почитуваат мерките на претпазливост за време на лунарната Нова година.

„Карантинот беше мерка насочена кон иднината бидејќи беше базиран на проценката дека ситуацијата во Вухан е многу полоша отколку што изгледаше во тоа време“, кажа Џин Донг Јан, виролог на универзитетот во Хонг Конг, пренесува кинескиот весник.

Пиплс дејли наведува дека САД не го следат кинескиот пример пред американскиот празник Ден на благодарноста. Американскиот Центар за контрола на заразните болести им советуваше на Американците да не патуваат за да се дружат со своите семејства и пријатели, но милиони Американци и покрај тоа планираат да патуваат и да одржат големи семејни собири, наведува Пиплс дејли повикувајќи се на Бизнис инсајдер.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе