Кина се погласно зборува за нова војна

Си: Мора да бидеме подготвени за борба

Кинеските вооружени сили мора да го зајакнат чувството за итни ситуации и да направат сѐ што можат да се подготват за борба, рече кинескиот претседател Си Џинпинг на состанокот на военото раководство во петокот.

Кина сака да ги зајакне своите вооружени сили во екот на територијалните спорови во Јужното Кинеско Море и зголемените тензии со САД поради широкиот спектар на прашања, од трговија до статусот на Тајван.

Официјалната новинска агенција Ксинхуа рече дека на состанокот на военото раководство Си изјави дека Кина се соочува со зголемени ризици и предизвици и дека вооружените сили мора да работат на зајакнување на безбедноста на земјата.

Си, кој е исто така претседател на Централната воена комисија, рече дека вооружените сили мора да развијат стратегии за новата ера и да преземат одговорности за подготовка и водење војна.

„Светот се соочува со период на големи промени што не се видени во еден век, а Кина е сѐ уште во важен период на стратешки можности за развој“, рече тој, пренесе Ројтерс.

Си рече дека вооружените сили мора да бидат способни брзо да реагираат во итни ситуации, да ги зајакнат капацитетите за заеднички операции и да развијат нови типови на борбени сили.

Коментарите на Си следеа по неговите забелешки во средата дека Кина сѐ уште го задржува правото да употреби сила за да постигне „повторно обединување“ со Тајван и да ја спречи неговата независност.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе