Среде тензиите со САД

Кина се пофали со новите проектили на стелт-авионот Ј-20 (ВИДЕО)

Воздухопловните сили на Кина ги покажаа, за првпат, своите нови проектили со помош на новите „невидливи“ борбени авиони Ј-20.

Демонстрацијата на проектилите се случува во време кога растат тензиите околу амбициите на Пекинг да ја преземен контролата врз целото Јужно Кинеско Море.

Два авиони Ј-20 прелетаа во неделата над публиката на аеро-митингот во кинескиот град Жухај, кој беше одржан по повод на одбележувањето на 69-годишнината од формирањето на воздухопловните сили на Народноослободителната армија.

За време на прелетувањето, двата авиони покажаа четири проектили со долг дострел, сместени во труповите на леталата, додека уште две ракети беа поставени на крилата на авионите.

Кинескиот весник Глобал тајмс оцени дека со демонстрацијата е покажана супериорноста на авионите Ј-20 над американските борбени авиони Ф-22 и Ф-35.

Британски Индипендент забележува дека покажувањето на проектилите следи откако американските власти побараа од Кина да ја сопре милитаризацијата на Јужното Кинеско Море за време на разговорите кои беа одржани во петокот во Вашингтон.

Би било добро роднините да не бидат жртви и да има повеќе повици кон роднините – функционери.

повеќе

Oд човекот кој успеа со сосема нова партија да го наруши целовековниот монопол на ПАСОК и Неа демократиа на грчката политичката сцена, може да се очекува буквално сѐ.

повеќе

Останува да видиме дали овој состав на Судот, кој дефинитивно е кадровски и професионално најслаб во досегашната наша државно-правна историја по осамостојувањето, ќе смогне сили за конечно да го пресече Гордиевиот јазол околу вака шверцуваната двојазичност.

повеќе