Кина сака со закон да им забрани на младите да играат онлајн игри ноќе

Кина најави воведување ограничувања за малолетничко играње онлајн игри за да се намали бројот на зависници од видео игри.

Официјалните владини инструкции ќе се применуваат за сите онлајн платформи за игри кои работат во таа земја, а особено за Тенсент, кинеска компанија која се бави со социјални мрежи и видео игри.

Според новите правила, на играчите помлади од 18 години ќе им биде забрането да играат онлајн игри во работни денови од 22:00 часот до 8:00 часот наутро. Во текот на неделата ќе им биде дозволено да играат игри само 90 минути на ден, а за време на викенди и празници до три часа на ден, пренесува Си-ен-ен.

Инструкциите, исто така, утврдуваат ограничувања за износот на пари кои малолетните лица можат да ги пренесат на своите интернет сметки. Играчи на возраст меѓу 8 и 16 години за игри можат да уплатат само 200 јуани (околу 1500 денари) месечно, додека максималната месечна сума за оние од 16 до 18 години ќе биде 400 јуани (околу 3000 денари).

Предлогот за наведените инструкции вчера го објави кинеската Канцеларија за печат и публикација.

Македонија од своето осамостојување постојано е на листата држави за чии граѓани е потребно да имаат британски визи доколку сакаат да патуваат во Обединетото кралство. 

повеќе

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе