Пекинг новата стратегија на НАТО ја нарече неодговорна.
Шефот на кинеската дипломатија Жао Лиџијан кажа дека „таканаречениот документ на новиот стратегиски концепт на НАТО ги занемарува фактите“.
Лиџијан кажа дека новата стратегија „погрешно ја дефинира Кина како земја која претставува стратегиски предизвик“ и „погрешно ја толкува кинеската надворешна политика“.
Додаде дека новата стратегија на НАТО е „неодговорна, поттикнува конфликти и е полна со идеолошки предрасуди и размислување од Студената војна“.
Претходно неделава Кина го критикуваше вооружувањето на Украина од страна на Западот, истакнувајќи дека само го одолговлекува конфликтот.