Загриженост околу ефикасноста на кинеските вакцини

Кина размислува за мешање и промена на начинот на примање на дозите на вакцините

Кинескиот центар за контрола на болести (ЦДЦ) размислува за мешање и промена на начинот на примање на дозите на вакцините против коронавирусот за да се зголеми нивната ефикасност, пишува Фајненшал тајмс.

EPA-EFE

Ова е првпат едно владино тело јавно да расправа за постоењето загриженост околу ефикасноста на кинеските вакцини.

Шефот на ЦДЦ Гао Фу кажа дека „се разгледува како да се реши проблемот поради тоа што ефикасноста на постоечките вакцини не е голема“, пренесуваат кинеските медиуми.

Тој предложи мешање дози од различни вакцини и промена на начинот на примањето во поглед на бројот и временскиот период меѓу дозите.

За разлика од другите произведувачи на вакцини, кинеските произведувачи не ги објавија податоците од третата фаза на тестирањето, што доведе до критики на сметка на недостигот од транспарентност околу ефикасноста на вакцините за различни старосни групи.

Секоја нова стратегија ќе има последици за повеќе од 20 земји на кои Кина, главно со билатерални договори, им продала вакцини. Кина досега им испорачала 40 милиони дози на други земји.

Чиле, на пример, се соочува со уште еден бран на зараза со нови соеви, и покрај успешната вакцинација со вакцината на Синовак. Ефикасноста на поединечната доза била само три отсто, а на две дози 56 отсто, пишува Фајненшал тајмс.

Експертите, меѓутоа, не го поврзуваат најновиот бран со стапката на ефикасност на вакцината.

Компанијата Синофарм тврди дека нејзината вакцина има 79 отсто ефикасност, слично на стапката која неодамна со истражувања беше утврдена за вакцината на Астразенека.

Експерти од Хонг Конг оцениле дека ефикасноста на вакцината на Синовак е 50.66 отсто, кај луѓето на возраст меѓу 18 и 60 години.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе