Суспендиран е и целиот безвизен транзит

Кина привремено забрани влез во земјата за речиси сите странски државјани

Кина денес објави дека привремено го забранува влезот во земјата за речиси сите странски државјани, додека се обидува да го ограничи бројот на увезените случаи на коронавирусот.

Министерството за надворешни работи вечерва соопшти дека влезот од сабота ќе биде забранет и за странските државјани кои имаат дозвола за престој во Кина.

Привремено ќе биде сопрен и целиот безвизен транзит низ Кина.

Забраната нема да се однесува на дипломатскиот персонал, додека визи и понатаму ќе можат да бараат државјаните кои во Кина доаѓаат за „неопходни економски, трговски, научни или технолошки активности или од неодложни хуманитарни потреби“.

Кина, каде коронавирусот се појави на крајот на декември, успеа да го заузда неговото ширење, но проблем сега ѝ претставуваат новите случаи кои се последица на неодамнешните пристигнувања на заразени луѓе од странство.

Повеќето новозаразени со вирусот ковид-19 во претходната недела се заболени токму на тој начин.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе