„Кинеската економија е море, а не малечка бара“

Кина преку медиумите прогласи „народна војна“ против САД

Кина и САД се во трговска војна, но Кина ќе ја преживее војната, тврдат кинеските државни медиуми во својата нова жестока пропагандна кампања против „американската алчност".

Во низа колумни и телевизиски монолози, строго контролираните државни медиуми се обидуваат со силна националистичка реторика да ја убедат кинеската јавност дека кинеската економија може да ги поднесе новите царини кои минатиот петок на Кина ѝ ги наметна американскиот претседател Доналд Трамп, пишува Си-ен-ен.

Кина, вчера им возврати на САД, најавувајќи свои нови царини на американски производи во вредност од 60 милијарди долари, зголемувајќи ги претходните стапки на царински давачки од 5 и 10% на 20 и 25%. САД ги зголемија тарифите од 10 на 25% за кинески производи во вредност од 200 милијарди долари.

Кинескиот против удар во оваа трговска војна предизвика пад од повеќе од 2 отсто на американските берзи, објави Си-ен-би-си.

Во колумната објавена од страна на кинеската новинска агенција Ксинхуа и весникот на кинеската Комунистичка партија Пиплс дејли се тврди дека САД се борат поради „алчност и ароганција“, додека Кина се бори за одбрана на „своите легитимни права и интереси“.

„Трговската војна во САД е креација на еден човек и неговата администрација кои по себе ја повлекоа целата популација на земјата. Во исто време, се заканува и на целата земја и на народот на Кина. За нас, ова е вистинска ‘народна војна’“, пишува авторот на статијата.

А во изјавата прочитана во централните вести на државната ЦЦТВ во 19 часот, водителот Канг Хуи изјави дека Кина ќе се „бори за нов свет“ и додаде дека „тоа не е ништо, што претходно не сме го виделе“ во долгата историја на оваа земја.

„Како што истакна претседателот Си Џинпинг, кинеската економија е море, не е малечка бара. Дождовна бура може да уништи малечка бара, но не може да му наштети на морето. По бројни бури, морето е сè уште тука“, поетски заклучи лидерот. Снимката од овој монолог стана вирална на кинеските социјални мрежи.

Сето ова претставува драматична ескалација во пропагандната битка - и тоа откако минатата недела кинеските медиуми упорно ги намалуваа вестите за трговската војна, едвај споменувајќи ги твитовите на Трамп во кои објави дека ќе воведе нови царински давачки. Тоа соопштение исто така ја потресе и американската берза.

Иако САД и Кина наводно биле блиску до постигнување трговски договор со кој би се завршила оваа заемно штетна пресметка, преговорите минатата недела пропаднаа откако Си објави дека нема да попушти пред барањата на Трамп.

Трамп, обвинувајќи ги Кинезите дека сакаат повторно да преговараат за веќе завршени ставки и со тоа ги завлекуваат преговарите со надеж дека следната година ќе продолжат со нов демократски претседател, одговори со нови тарифи.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе