Кинеското министерство за надворешни работи соопшти дека ја прекинува соработката со Вашингтон на спречување на прекуграничниот криминал и трговијата со дрога и на репатријацијата на нелегалните мигранти. Пекинг вкупно донесе осум различни мерки.
Кина со соопштение набрзо откако Пелоси замина од Јапонија ја откажа планираната билатерална средба за поморски воено-безбедносен механизам.
Пекинг претходно објави дека воведува санкции против Пелоси и нејзиното потесно семејство поради „злонамерното и провокативно дејствување“. Поради посетата на Пелоси на Тајван, кој Кина го смета за своја територија, кинеската војска почна воени вежби од досега невидени размери со боева муниција во водите и воздушниот простор околу Тајван.