Најави контрамерки

Кина предупреди: Нема мирно да гледаме од страна ако САД распоредат ракети во Азија (ВИДЕО)

Пекинг денес соопшти дека „нема мирно да стои од страна“ и дека ќе преземе контрамерки доколку САД постават ракети со среден дострел во Индо-пацифичкиот регион.

Кинескиот шеф за контрола на оружјето Фу Цонг ги предупреди соседните земји да не ѝ дозволат на Америка да распореди такво оружје на нивните територии.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од Договорот за контрола на нуклеарните сили со среден дострел од времето на Студената војна со Русија.

Фу кажа дека Кина нема намера да потпише тристран договор за контрола на вооружувањето со Соединетите Држави и Русија, но дека ќе биде вклучена во разговорите за разоружување.

Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер за време на состаноците кои во текот на викендот се одржуваа во Азија кажа дека Америка сака во следните месеци да разпореди ракети со среден дострел во Индо-пацифичкиот регион.

Австралиската министерка за одбрана Мелиса Прајс истакна дека таа земја нема да биде база за американските проектили.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе