Бројот на жртви порасна на девет

Кина предупреди дека вирусот може да мутира и да се рашири

Новиот вирус од кој починаа девет лица, а се заразени стотици и стигна до Соединетите Американски Држави, може да мутира и да се рашири, предупреди денес Кина, а властите се борат да го спречат ширењето на болеста за време на масовното патување по повод лунарната Нова година.

Коронавирусот предизвика тревога поради сличноста со САРС (Тежок акутен респираторен синдром), од кој починаа речиси 650 луѓе во Кина и Хонг Конг во 2002-2003 година.

Властите во Вухан, епицентарот на епидемијата, ги откажаа големите јавни собири, ги повикаа посетителите да не доаѓаат, и жителите да не го напуштат кинескиот град со 11 милиони жители.

Болеста воглавно се пренесува преку респираторниот тракт и постои „можност за вирусна мутација и натамошно ширење на болеста“, рече заменик-министерот на Националната здравствена комисија Ли Бин на прес-конференција во Пекинг.

Тој додаде дека 1.394 лица сè уште се под медицински надзор, додека 765 други се пуштени од болница.

Светската здравствена организација (СЗО) денес ќе одржи итен состанок за да утврди дали да се прогласи ретка глобална здравствена вонредна состојба поради болеста, која е откриена и во Соединетите Американски Држави, Тајван, Тајланд, Јапонија, Јужна Кореја и Макао.

Американските власти соопштија дека првиот случај откриен во САД, жител на Сиетл, во 30-ти години е во добра состојба.

Минхенската безбедносна конференција, која со децении служеше како силен симбол на силата на западното сојузништво, оваа година покажа дека јазот меѓу сојузниците е поголем од кога и да е.

повеќе

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе