Кина повикува на намалување на нуклеарниот арсенал и напредок во иранските преговори

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји повика на укинување на санкциите кон Иран, а САД и Русија да го намалат својот нуклеарен арсенал, неколку дена пред да се сретнат американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин во Женева.

Фото: ЕПА

Во своето обраќање на Конференцијата за разоружување, која е поддржана и од Обединетите нации, Ванг рече дека „едностраните постапки на насилство на САД се главната причина за иранското нуклеарно прашање“.

„За враќање на (нуклеарниот) договор со Иран, укинувањето на санкциите кон Иран е првото природно нешто што треба да го сторат“, рече Ванг.

Тој додаде дека додека нуклеарните преговори на Иран и САД во Виена се во „последен спринт“, страните вклучени во иранскиот нуклеарен договор од 2015 година мораат да ги удвојат дипломатските напори за да го „вратат договорот на вистинскиот пат“.

Инаку, поранешниот претседател Доналд Трамп за време на својот мандат во 2018 година ги повлече Соединетите Држави од договорот и потоа повторно воведе американски санкции кон Техеран.

Американскиот амбасадор за разоружување Роберт Вуд ја повика Кина да се вклучи во разговори за намалување на ризикот и стратешката стабилност, велејќи дека жали што американските напори се „одбиени“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе