Кина повика на намалување на нуклеарниот арсенал и напредок во иранските преговори

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји повика на укинување на санкциите на Иран, а Соединетите Американски Држави и Русија да го намалат својот нуклеарен арсенал денес, неколку дена пред средбата на американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин во Женева.

EPA-EFE

Ванг во своето обраќање на Конференцијата за разоружување која ја поддржаа и Обединетите нации, кажа дека „едностраните постапки на насилство на САД се главната причина на иранското нуклеарно прашање“.

„За враќање на (нуклеарниот) договорот со Иран, укинувањето на санкциите против Техеран е првото природно нешто кое мора да го направат“, кажа Ванг.

Додаде дека додека нуклеарните преговори на Иран и САД во Виена се во „конечниот спринт“, страните вклучени во Иранскиот нуклеарен договор од 2015 мора да ги дуплираат дипломатските напори „за да го вратат договорот на правиот пат“.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп за време на својот мандат во 2018 ги повлече САД од договорот и повторно воведе американски санкции против Техеран.

Американскиот претставник за разоружување Роберт Вуд ја повика Кина да се вклучи во разговорите за намалување на ризикот и стратегиската стабилност, кажувајќи дека жали поради тоа што американските напори се „одбиени“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе