Реакција на пораката на претседателот на САД

Кина по изјавата на Бајден за одбрана на Тајван: Нема место за компромис

Кина денес порача дека „нема место за компромис“ за кинеските интереси по изјавата на американскиот претседател Џо Бајден дека Соединетите Американски Држави се спремни воено да го бранат Тајван во случај на инвазија на Пекинг.

EPA-EFE

„Кина за прашањата за нејзините фундаментални интереси, како што се суверенитетот и територијалниот интегритет, нема да остави никаков простор за компромис“, им кажа на новинарите портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Ванг Венбин.

Бајден синоќа изјави дека САД ќе застанат во одбрана на Тајван и дека имаат обврска да го бранат островот кој Кина го смета за своја територија.

Воените тензии меѓу Тајван и Кина се најлоши во последните над 40 години, оценија претходно месецов тајванските власти.

Тајван порача дека е независна држава и дека ќе ги брани своите слобода и демократија.

Кина, меѓутоа, смета дека Тајван е најчувствителното и најважното прашање во нејзините врски со САД и го осудува, како што наведе, „дослухот“ на Вашингтон и Тајпеј.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе