Кина одби втора фаза на истрага на СЗО за потеклото на коронавирусот

Кина денес го одби планот на Светската здравствена организација (СЗО) за втора фаза на истрагата за потеклото на коронавирусот, која ја вклучува хипотезата дека можеби потекнува од кинеската лабораторија, соопшти највисок здравствен функционер.

EPA-EFE

СЗО месецов предложи втора фаза на студијата за потеклото на коронавирусот во Кина, вклучувајќи прегледување на лабораториите и пазарите во градот Вухан и ги повика властите на транспарентност.

„Нема да прифатиме таков план на барање на потеклото бидејќи тој, во некои аспекти, го занемарува здравиот разум и се противи на науката“, им кажа на новинарите Зенг Ѕисин, заменик министерот на кинеската здравствена комисија (НХК).

Зенг кажа дека бил вџашен кога првпат го прочитал планот на СЗО бидејќи во него се наведува теоријата дека кинеското кршење на лабораториските протоколи предизвикало истекување на вирусот при истражувањето.

Шефот на СЗО нешто претходно во јули кажа дека истрагите за потеклото на пандемијата на ковид-19 во Кина се отежнати поради недостигот од податоци за првите денови на ширењето во таа земја.

„Се надеваме дека СЗО сериозно ќе ги разгледа мислењата и предлозите на кинеските експерти и вистински ќе го третира потеклото на вирусот ковид-19 како научно прашање и ќе се воздржи од политичко мешање“, кажа Зенг.

Кина е против политизирање на истражувањето, истакна тој.

„Веруваме дека истекувањето од лабораторија е исклучително малку веројатно и дека не е потребно да се вложуваат повеќе енергија и напори во тој поглед“, кажа Лијанг Ваниан, лидерот на кинескиот тим за заеднички експертски групи на СЗО.

Треба да се спроведат повеќе студии на животни, особено во земјите со големи популации на лилјаци, кажа тој.

Меѓутоа, Лијанг кажа дека хипотезата за истекувањето од лабораторија не може целосно да се занемари, но сугерираше дека други земји треба да ја истражат можноста вирусот да протекол од нивни лаборатории.

Еден од кличните делови на теоријата за истекување од лабораторија е фокусиран на одлуката на Институтот за вирологија во Вухан во 2019 да ги исклучи од интернет податоците за секвенцирање на гените и базата на податоци за примероците.

На прашањето за оваа одлука, Јуанг Жиминг, професор на Институтот во Вухан и директор на Националната лабораторија за биолошка безбедност, им кажа на новинарите дека базите на податоците во моментов се споделуваат само интерно поради загриженоста за хакерски напади.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе