Кина не им дозволува на американските воени бродови да дојдат до Хонг Конг

Кина го одби барањето на два воени брода на американската морнарица да го посетат Хонг Конг во следните недели, соопштија американски функционери кои сакаа да останат анонимни.

Тие кажаа дека бродот „Грин беј“ побарал дозвола да го посети Хонг Конг кон крајот на месецов, додека крстосувачот „Лејк Ири“ побарал одобрување за посета во септември.

Еден од функционерите додаде дека конкретна причина за одбивањето не е наведена, но дека таквот потег не е без преседан. Слично барање Кина веќе одбила во ноември 2018 година, пренесува Ројтерс.

Политичката криза во Хонг Конг кој е под кинеска управа се продлабочува, а вчера полицијата се судри со демонстрантите кои го блокираа терминалот на меѓународниот аеродром.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе