Кина: Навални е исклучиво внатрешно прашање на Русија

Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Ванг Вебин изјави дека Кина смета дека случајот со рускиот опозиционер Алексеј Навални е исклучиво внатрешна работа на Русија и дека надворешното мешање е неприфатливо.

EPA-EFE

„Веќе два пати го кажавме ставот на Кина. Случајот Навални е исклучиво внатрешно прашање на Русија, надворешните сили немаат право да се мешаат“, кажа првиот дипломат на Кина.

Европската Унија вчера за првпат воведе санкции во рамки на новиот глобален режим поради кршење на човековите права против четворица руски државјани поради апсењето на Алексеј Навални. По Европската Унија и Соединетите Американски Држави најавија воведување санкции на Русија. На списокот на санкциите се наоѓаат 14 организации со формулацијата „за производство биолошко и хемиско оружје“. Освен тоа, американските санкции се насочени на конкретни лица и организации и ќе вклучуваат и ограничување на извозот и визите.

Подоцна министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека одговорот на новите американски санкции нема нужно да биде симетричен и дека одлуката која ја донел Вашингтон претставува триумф на апсурдот и непријателски напад кој нема да влијае врз политиката на Москва, бидејќи ништо нема да се постигне со притисок.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе