Кина: НАТО ги доведе тензиите меѓу Русија и Украина до „критична точка“

Потезите на НАТО предводени од САД ги доведоа тензиите меѓу Русија и Украина до „критична точка“, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан.

Фото: ЕПА

На дневниот брифинг за новинарите, тој ги повика Соединетите Држави сериозно да ја сфатат загриженоста на Кина и да избегнуваат поткопување на нејзините права или интереси во справувањето со украинското прашање и врските со Русија.

„Занемарувајќи ја сопствената одговорност, САД го критикуваат ставот на Кина за Украина за да ги потиснат Русија и Кина и да ја одржат американската хегемонија. Ние нема да отстапиме и колку повеќе САД се трудат да ја дискредитираат Кина со своите лаги, толку повеќе го откриваат недостигот од кредибилитет кај меѓународната заедница“, рече Лиџијан.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе