Кина: „НАТО, а не Пекинг, ја дестабилизира меѓународната безбедност“

Кинеската мисија во Европската Унија соопшти дека НАТО, а не Пекинг, е тој што ја дестабилизира меѓународната безбедност, пренесуваат кинеските државни медиуми.

EPA-EFE

Кинеската мисија во ЕУ, по повод изјавата на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг дека Кина не сака да ја осуди руската агресија, истакна дека „од избивањето на украинската криза Кина постојано задржува објективен и чесен став, останува посветена на промовирање мировни преговори и вложува позитивни напори за деескалација на ситуацијата“.

Во соопштението се наведува дека она што го прави Кина е „во спротивност на обидите за разгорување на огнот и долевање масло на огнот, како што прават некои организации“, бидејќи, се укажува, добро е познато дека НАТО му испраќа оружје на Киев откако почна конфликтот на Русија и Украина.

Кинеската мисија во ЕУ оцени дека НАТО е остаток од Студената војна и дека „не само што пропушти да размисли за својата улога во модерниот свет, туку и продолжи да го шири својот географски обем и опсегот на операциите и сè повеќе цели на Кина“.

„Ова е сериозен предизвик со кој се соочуваат глобалните мир и безбедност“, се наведува во соопштението.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе