Кина направила макета на американски носач на авиони во пустина

Кинеската војска поставила макети на американски носач на авиони и два други американски воени брода во своја северозападна пустина, најверојатно за вежби на гаѓање со проектили, наведува во извештај Американскиот морнарички институт.

EPA-EFE

Институцијата со седиште во Мериленд, независна од американската војска, соопшти дека сателитските снимки кои ги добила откриле дека макетите на бродовите се поставени во пустината Такламакан во регионот Синџијанг.

Лажниот носач на авиони е со речиси иста големи како оригиналот, што знаи дека би требало да изгледа слично како мета на радарот, соопшти Морнаричкиот институт.

Ова не е првпат вакви мети да бидат забележани во кинеска пустина, но се наведува дека овие реплики се попрецизни и подетални.

На прашање за извештајот портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Ванг Венбин на новинарите во Пекинг им кажа: „Не сум запознаен со тоа прашање“.

Сè посилни се тензиите меѓу САД и Кина околу Тајван, кој Пекинг го смета за отцепена покраина, како и поради кинеското воено градење и територијалните претензии во Јужното Кинеско Море.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе