Кина „најостро го осуди“ соопштението на министрите од Г7: Нека се занимаваат со своите проблеми

Кина денес „најостро го осуди“ соопштението на министрите за надворешни работи на Г7, кои ја критикуваа нејзината политика во областа на човековите права, како и репресијата во Хонг Конг.

Фото: ЕПА

„Министрите од Г7 упатија неосновани обвинувања против Кина и грубо се мешаа во нејзините внатрешни работи“, изјави за новинарите портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин.

 

Тој им порача на земјите од Г7 „да се занимаваат со своите проблеми“.

Министрите на седумте најразвиени западни земји ги критикуваа Кина и Русија на состанокот во Лондон, нарекувајќи ја Москва злонамерна, а Пекинг насилник.

Сепак, грубите зборови не беа придружени со никакви конкретни потези освен со поддршка за Тајван и за Украина.

Основан во 1975 година како сојуз на најбогатите западни нации соочени со последиците од големата нафтена криза, самитот на Г7 оваа недела се осврна на, како што ги сметаат, најголемите актуелни закани - Кина, Русија и пандемијата на коронавирусот.

Во заедничката изјава министрите за надворешни работи ја обвинија Русија дека се обидува да ги поткопа демократските држави и ѝ се заканува на Украина, а Кина дека е виновна за кршење на човековите права и дека ја користи својата економска моќ за „малтретирање“ други земји.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе