Кина: Најмал раст на населението, достигна 1,41 милијарда

Растот на населението во Кина во деценијата до 2020 година е најнизок според евиденциите што се водат од 1950, но бројот на населението е зголемен во однос на пописот во 2010 година.

Фото: ЕПА

Резултатите од пописот за последната деценија, објавени денес, покажаа дека населението во Кина се зголемило за 5,38 проценти, на 1,41 милијарда, пренесува Ројтерс.

Тоа е помал пораст во споредба со 5,84 проценти и бројот на населението од 1,34 милијарди на пописот на населението од 2010 година во однос на една деценија порано, а двоцифрени проценти на раст биле забележани во сите претходни шест официјални пописи на населението во Кина од 1953 година.

Овој број исто така потврдува дека Кина многу малку отстапила од целта што ја постави во 2016 година да го зголеми своето население на околу 1,42 милијарди до 2020 година.

Податоците од пописот, исто така, покажуваат зголемување на учеството на млади - 17,95 проценти од населението во Кина е на возраст од 14 години или помалку, во споредба со 16,6 проценти во 2010 година.

Во 2016 година, Кина ја замени својата политика на едно дете, воведена кон крајот на 1970-тите за да се запре експлозијата на населението, со ограничување на две деца.

Обединетите нации предвидуваат дека бројот на луѓе што живеат во Кина ќе достигне врв во 2030 година пред да започне да се намалува.

На крајот на април, Фајненшл тајмс објави дека бројот на населението во 2020 година всушност опаднал во споредба со претходната година, повикувајќи се на анонимни извори кои биле запознаени со ова прашање.

Од 2016 до 2019 година, годишниот наталитет во земјата главно опаѓал, со исклучок на 2016 година, а податоците за 2020 година сè уште не се објавени.

Ројтерс наведува дека урбаните парови, особено оние родени по 1990 година, повеќе ја ценат својата независност и кариера отколку основање на семејство, и покрај притисоците од родителите да имаат деца, а зголемените трошоци за живот во големите кинески градови исто така ги обесхрабруваат паровите да имаат деца.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе