Кина масовно тестира три милиони луѓе, по само неколку заразени лица

Кина почнува масовно тестирање на три милиони луѓе за ковид-19 во Тијанџин, град на северот на земјата, и тестираше 4.015 лица во болница во Шангај по регистрирањето на неколку заразени лица.

Фото: ЕПА

Националната здравствена комисија денес регистрираше седум нови домашни случаи на зараза, од кои пет во Тијанџин и два во Шангај.

Локалните власти во Тијанџин изолираа станбена зграда во која се појавија нови случаи на зараза, како и болница и градинка.

Денес тие почнуваат да ги тестираат сите жители на областа Бинхај во Тијанџин, се наведува на страницата на локалната самоуправа на социјалните мрежи.

Властите во Шангај ја затворија болницата откако маж и жена во петокот вечерта по посетата на болницата биле позитивни на тестот на ковид-19.

Вкупниот број на потврдени случаи во Кина сега е 86.414.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе