Кина ја шпионира ЕУ од амбасадата на Малта, велат британски разузнавачи

Белгиските разузнавачки служби потврдија дека ги испитуваат сомневањата дека Кина шпионира од амбасадата на Малта, која се наоѓа наспроти седиштето на Европската комисија во Брисел.

Портпаролот на белгиската служба за државна безбедност (ВССЕ) откри дека е покрената истрага откако францускиот весник „Ле Монд“ објави дека дека кинеската држава шпионира.

Гардијан пренесе дека белгиските разузнавачи покренале истрага по дојава од британски агенти дека Кинезите ја користат амбасадата на Малта како „шпионска кула“ за прислушување на институциите на ЕУ.

Сомнежите се однесуваат на проект за реновирање на зграда од 13 ката пред отворањето на Постојаното претставништво на Малта во ЕУ. Сомнежите дека Кина шпионира првпат им биле претставени на белгиските власти во 2010 година, објави Ле Монд.

Британските разузнавачи, наводно, рекле дека кинеските тајни служби биле вмешани во реновирањето на амбасадата на Малта. Мебелот и одредена опрема за зградата биле доставени од Кина до белгискиот главен град според договор за соработка од 300.000 американски долари.

Белгиските власти, наводно, со години биле загрижени дека опремата се користи за шпионажа. Обвинението следува откако германските обвинители покренаа истрага за дипломат на ЕУ осомничен за шпионирање од име на Кина.

Портпаролот на Високиот судски совет рече дека ги испитуваат активностите во амбасадата на Малта, но дека не откриле никакви докази за кинеска шпионажа.

Малтешката влада исто така негираше дека има докази дека Кина ја користи нејзината амбасада во ЕУ, велејќи дека мебелот го донирала кинеската влада и дека зградата е опремена во согласност со највисоките безбедносни стандарди.

„Владата потврдува дека зградата во која се наоѓа постојаното претставништво е предмет на внатрешни и надворешни проверки и дека е утврдено дека е чиста. Покрај тоа, повеќе од 80 проценти од мебелот во изминатите две години е заменет со мебел донесен од Малта“.

Заради претпазливост, телевизорите донирани од Кинезите, кои може да бидат поврзани со извор на напојување, не се инсталирани и целиот дрвен мебел се скенира по пристигнувањето, изјавил извор од владата на Малта за „Тајмс оф Малта“.

Весникот пишува дека во 2004 година биле поставени прашања за тоа зошто владата на Малта купила зграда за околу 21 милион евра на престижна локација.

Во 2014 година Малта стана првата европска земја што потпиша меморандум за разбирање со кинеската влада за учеството на тој медитерански остров во кинеската иницијатива Еден појас, еден пат.

Во 2014 година кинеската државна компанија „Шангај електрик“ купи 33% удел во малтешката компанија за електрична енергија „Енемалта“ за 320 милиони евра.

Гардијан пишува дека Кина гради петкатна амбасада во Малта на локација од 19.000 квадратни метри и дека постои загриженост за злоупотреба на таканаречените златни визи што им се продаваат на богатите Кинези, а кои овозможуваат движење низ ЕУ.

Портпаролот на кинеската амбасада во Белгија ги отфрли обвиненијата за шпионажа како лажни.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе