Кина ја лансираше својата прва вселенска ракета од морска платформа (ФОТО+ВИДЕО)

Кина спроведе пионерско лансирање на вселенска ракета од товарен брод, со што стана „првата нација" која целосно поседува и управува пловечка платформа за лансирање.

Ракетата Долг марш 11 е лансирана денес од платформата инсталирана на цивилен брод во Жолто Море, објави кинеската Национална вселенска администрација.

Таа успешно достави пет комерцијални сателити во орбитата на Земјата, како и два научни модула, кои се очекува да ги следат ветровите на површината на океанот и да предвидат тајфуни и други екстремни временски услови.

Ракетата со должина од 20,8 метри - со тежина од 58 тони пред полетување - може да носи товар до 350 килограми. Својот прв лет го оствари во 2015 година и оттогаш е лансирана уште пет пати од Центарот за лансирање сателити Џиукуан во северозападна Кина.

Морските лансирања се поекономични и пофлексибилни отколку конвенционалните, велат кинеските вселенски власти преку соопштение и ќе обезбедат подобри воздухопловни комерцијални услуги за земјите вклучени во иницијативата Појас и пат - планот на Пекинг за зајакнување на глобалната економија.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе