Кина испрати борбени авиони кон Тајван, Тајпеј возврати: „Ќе се бориме до крај“

Кина испрати борбени авиони во воздушниот простор на Тајван денес, на што реагираше тајванскиот министер за надворешни работи Џозеф Ву кажувајќи дека Тајван во случај на кинески напад ќе се брани до крај.

EPA-EFE

Тајван повеќе пати протестира поради зголемените кинески воени активности во последните месеци.

Кинеското воено воздухопловство речиси секојдневно упаѓа во воздушниот простор на Тајван, кој го смета за интегрален дел на својата територија.

Пекинг во понеделникот објави дека борбена група на носач на авиони изведува воена вежба во близина на островот.

Тајванското министерство за одбрана објави дека 15 кинески авиони, вклучувајќи 12 млазни, го нарушиле тајванскиот воздушен простор, при што еден противподморнички авион летал јужно низ каналот Баши меѓу Тајван и Филипините.

Министерството наведе дека тајванското воено воздухопловство испратило авион за да ги пресретне кинеските авиони и да ги предупреди да се оддалечат.

Претходно денес министерот Ву кажа дека САД се загрижени околу можен судир и дека „носителите на одлуките во Вашингтон јасно ја гледаат опасноста Кина да го нападне Тајван“.

„Спремни сме да се браниме без какво било колебање и ќе водиме војна ако мора да ја водиме. Ако мораме да се браниме до последниот ден, ќе се браниме до последниот ден“, порача тој.

Кина кажа дека нејзините активности околу Тајван имаат за цел заштита на кинескиот суверенитет. Вашингтон изрази загриженост поради кинеските активности и порача дека американската посветеност на Тајван е цврста.

Американската морнарица го испрати својот разурнувач со наведувани проектили УСС Џон Мекејн да изведе „рутински“ транзит низ Тајванскиот теснец денес.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе