Кина има најмногу новозаразени во последните два месеца

Кина извести за 57 ново потврдени случаи на ковид-19 за 13 јуни, што е најмногу во последните два месеца.

EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Националната здравствена комисија во изјава наведе дека 38 од ново потврдените случаи се локално пренесени и дека 36 од нив се во Пекинг. Ова е најголем број на дневни случаи на заболени со коронавирус во кинескиот главен град откако властите започнаа да ги објавуваат податоците.

Пекинг забележа скок во ново потврдените случаи во последните шест дена, откако започна масовно тестирање на пазарот Зинфади во југозападниот градски округ Фенгтаи.

Областа силно ги засили безбедносните мерки, а главниот град го забрани туризмот и спортските настани во саботата од страв од нов бран на ковид-19.

Деветнаесет ново потврдени случаи биле т.н. увезени случаи со кои се поврзани патници од странство, а освен тоа, Кина извести за девет асимптоматски случаи.

Вкупниот број на случаи на ковид-19 во Кина сега изнесува 83.132, додека бројот на смртни случаи остана непроменет на 4.634. Кина во потврдените случаи не ги брои асимптоматските пациенти кои се заразени со вирусот, но не покажуваат симптоми.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе