Кина им се заканува на демонстрантите во Хонг Конг: Крајот доаѓа (ВИДЕО)

По уште еден викенд масовни протести во Хонг Конг илјадници студенти и ученици денес ја бојкотираа наставата, со што исто така протестираат за поголема демократија и против доминацијата на Пекинг.

А кинеските државни медиуми дополнително ја заострија реториката против демонстрантите во автономниот град-држава и поранешна британска колонија, која ѝ беше вратена на Кина во 1997 година.

Изминатиот викенд го обележаа некои од најнасилните судири меѓу демонстрантите и полицијата. Демонстрантите ги палеа барикадите и фрлаа Молотови коктели, а полицијата возврати со водени топови, солзавец и палки.

На снимките може да се види како полицијата брутално се пресметува со демонстранти, а викендов користеше вода обоена во сино, наводно за полесно да ги идентификува демонстрантите кои биле испрскани.

Демонстрантите ни денес не мируваат, туку го отежнуваат градскиот превоз со блокирање на вратите на возовите на подземната железница, што предизвика хаос за време на утринските гужви, јавуваат агенциите.

Кинеските медиуми, кои се под цврста контрола на владејачката Комунистичка партија, уште еднаш ги осудија „лудите и пакосни“ демонстранти кои ѝ донесоа „катастрофа“ на економијата на Хонг Конг.

Но особено лош беше уредничкиот коментар на државната новинска агенција Синхуа во која им се порачува на демонстрантите дека „доаѓа крајот за оние кои се трудат да го нарушат Хонг Конг“.

Овие заканувачки изјави, како и претходните обвинувања на демонстрантите за тероризам, повиците да се „казнат насилните криминалци“ и одржувањето големи воени вежби за сузбивање на немирите во близина на Хонг Конг, ја зајакнаа загриженоста дека Кина би можела да испрати војска во Хонг и да ѝ нареди да отвори оган, како што направи во колежот на плоштадот Тјенанмен во 1989.

Во неделата демонстрантите се обидоа уште еднаш да го блокираат аеродромот, но наидоа на брза реакција на полицијата. Сепак, сообраќајот кон аеродромот беше парализиран.

Двајца лидери на демонстрантите Џошуа Вонг и Енди Чен беа уапсени во петокот, пред протестите за време на викендот. Самите протести беа забранети, а демонстрантите ја игнорираа забраната.

Имајќи го предвид бојкотот на првиот ден на наставата, надежите на градските власти дека протестите ќе завршат со почетокот на новата училишна и академска година се покажаа како нереални. Организаторите проценуваат дека најмалку 9 илјади ученици од повеќе од 200 училиша учествувале во денешниот бојкот на наставата.

Според планираното, демонстрантите ќе ја блокираат наставата секоја недела сѐ додека нивните барања не се исполнат. Бојкотот на наставата е барем делумно мотивиран од реториката на кинеските партиски функционери кои за протестите, меѓу другото, ја обвинија либералната наставна програма во Хонг Конг.

Пекинг ги критикуваше учителите и родителите што кај децата не вградиле „патриотски вредности“, и повика на реформа на наставниот план.

Симболично е тоа што, за разлика од остатокот од Кина, во Хонг Конг се учи вистината за бруталната воена пресметка со демонстрантите на пекиншкиот плоштад Тјенанмен во 1989. Иако точниот број на мртви никогаш не е откриен, се проценува дека војската при чистењето на плоштадот уби од неколку стотици до неколку илјади луѓе. Според една британска дипломатска преписка, од која ознаката за тајност беше тргната во 2017, имало 10 илјади жртви.

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе