Кина им порача на американските компании дека се добредојдени на нејзиниот пазар

Кина ги повика американските компании активно да учествуваат на нејзиниот пазар, нагласувајќи дека ќе се залага за создавање фер и правична средина, соопшти во понеделникот кинеското министерство за индустрија, повикувајќи се на состанок одржан со компаниите, вклучувајќи ги Квалком и Џенерал моторс.

Фото: ЕПА

Кинескиот министер за индустрија и информациска технологија Шао Јачинг го објави коментарот за време на видео конференцијата одржана со делегацијата од Американско-кинескиот деловен совет, соопшти министерството на својата веб-страница.

Шао истакна дека постојат добри пазарни перспективи во областите како што се 5Г технологијата и технологијата за новите електрични возила.

Состанокот со американските компании е одржан за време на ескалацијата на тензиите меѓу Пекинг и Вашингтон, особено во технолошкиот сектор, по блокадата на кинеските компании како што се Семикондуктор, сопственикот на Тик-Ток Најт-денс и Тенсент холдингс.

Волстрит журнал во саботата објави дека кинеските власти во повеќе наврати ги предупредувале американските владини претставници дека Кина би можела да ги задржи Американците во Кина како одговор на казнениот прогон на кинеските воени научници од страна на американското Министерство за правда.

Кинеското Министерство за надворешни работи во понеделникот коментираше напис од Волстрит журнал дека „САД се обидуваат да глумат жртва“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе