„Украина да се врати на договорот од Минск“

Кина и САД за кризата околу Украина: „Ги повикуваме сите да останат смирени“

Кина им порача на Соединетите Американски Држави дека сака сите страни вклучени во украинската криза да останат смирени за да се избегнат судири, додека САД ја истакнаа потребата од деескалација на тензиите и предупредија на безбедносните и економските ризици на потенцијалната руска агресија.

EPA-EFE

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји и американскиот државен секретар Ентони Блинкен разговараа вчера по телефон.

„Ги повикуваме сите страни да останат смирени и воздржани од дејства кои предизвикуваат тензии и ја влошуваат кризата“, му кажа Ванг на Блинкен, објави во соопштение кинеското министерство за надворешни работи.

Русија бара повлекување на НАТО силите и оружјето од Источна Европа и бара НАТО да се обврзе дека никогаш нема да ја прими Украина во своето членство.

САД и нивните сојузници во НАТО ги отфрлија барањата и нудат дипломатски преговори за низа безбедносни прашања како контрола на вооружувањето и мерки за изградба на довербата.

„Државниот секретар Блинкен ја пренесе пораката дека деескалацијата и дипломатијата се единствениот одговорен чекор напред“, се наведува во соопштението на Стејт департментот. Ванг и Блинкен разговарале и за глобалната безбедност, како и за ризиците од потенцијална руска агресија на Украина, се додава во американското соопштение.

Ванг, алудирајќи на руското противење на ширењето на НАТО на истокот на Европа, му кажал на Блинкен дека безбедноста на една земја не може да биде на штета на други и дека регионалната безбедност не може да се гарантира со јакнење или дури ширење на воените сојузи, објави кинеското министерство.

„За да го решиме украинското прашање, треба да се вратиме на договорите од Минск, почетната точка“, кажа Ванг, мислејќи на договорите потпишани во 2014 и 2015 година во белоруската престолнина, кои Киев одбива да ги спроведе.

„Новиот договор од Минск, кој го одобри Советот за безбедност на ОН, е основниот политички документ кој го признаваат сите страни и треба ефикасно да се спроведе. Сè додека напорите се вложуваат во согласност со насоката и духот на договорот, Кина ќе ги поддржува“, кажа шефот на кинеската дипломатија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе