Кина ѝ одржа лекција на Германија поради средба со активист од Хонг Конг

Средбата на германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас со активистот Џошуа Вонг од Хонг Конг ќе им наштети на односите на Кина и Германија, изјави денес кинескиот амбасадор во Берлин, во невообичаена директна изјава за својот важен трговски партнер.

Германскиот министер за надворешни работи во понеделникот вечер го прими активистот Вонг, а кинеското Министерство за надворешни работи веднаш го повика германскиот амбасадор и му врачи протестна нота.

„За жал, морам да кажам дека ова што се случи негативно ќе се одрази врз билатералните односи и кинеската страна мора да реагира“, рече амбасадорот Кен Ву.

Засега нема официјална реакција од германското Министерство за надворешни работи.

Пристигнувајќи во Берлин, Вонг рече дека Хонг Конг е бедем меѓу слободниот свет и кинеската диктатура.

„По неговото пристигнување, примивме до знаење дека за жал некои политичари - и ќе бидам многу јасен дека се работи за самиот министер за надворешни работи Маас - како и некои членови на парламентот се состанаа со Џошуа Вонг“, рече кинескиот амбасадор.

Тој рече дека не знаел што всушност сакале да постигнат тие политичари.

„Дали навистина се загрижени за слободата, демократијата и владеењето на правото во Хонг Конг или сакаат да додадат масло во огнот и да добијат некаков политички капитал“, се запраша амбасадорот.

„Суверенитетот и безбедноста на Кина мора да се почитуваат и затоа ги советувам политичарите да се воздржат од прикривање на насилни казнени дела и мешање во внатрешните работи на Хонг Конг и Кина“, рече амбасадорот.

Препукувањето меѓу двете страни дојде набргу откако канцеларката Ангела Меркел се врати од посетата на Кина.

Во првата половина на 2019 година германските компании со Кина разменија производи во вредност од 100 милијарди долари.

Македонија од своето осамостојување постојано е на листата држави за чии граѓани е потребно да имаат британски визи доколку сакаат да патуваат во Обединетото кралство. 

повеќе

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе