Кина и Јапонија ги одложуваат важните настани поради коронавирусот

Кина објави дека размислува да ја одложи годишната седница на парламентот, а Јапонија одлучи оваа година да не ја одржи роденденската прослава за царот Нарухито, од страв од ширење на коронавирусот.

Кина на 24 февруари ќе донесе одлука за одложување на седницата која треба да се одржи на почетокот на март. Одлуката ќе ја донесе Постојаниот одбор на Секинескиот Народен Конгрес, јавува агенцијата Нова Кина.

Кина денес извести за 2048 нови случаи на зараза, од кои 1933 се во провинцијата Хубеи од каде и започна епидемијата. Низ целата земја заразени се околу 70.000 луѓе, јавува Би-би-си.

И Јапонија денес објави дека ќе ги ограничи јавните собири за да се спречи понатамошно ширење на коронавирусот. Јапонија одлучи да се откаже од прославата на роденденот на јапонскиот цар Нарухито на 23 февруари, прва од кога беше крунисан минатата година.

Настанот традиционално привлекува десетици илјади луѓе во Царската палата во центарот на Токио. Последен пат ваквата прослава била откажана во 1996 година, поради заложничката криза во јапонската амбасада во Перу.

Токио, исто така, одлучи да ја ограничи маратонската трка само на професионалните тркачи, иако за трката се пријавиле 38.000 луѓе. Токискиот маратон е еден од најголемите во светот.

Ќе се тркаат 176 професионални маратонци и 30 параолимпијци.

Токио оваа година исто така е домаќин на Летните олимписки игри. Засега, организаторите не размислуваат да ја откажат оваа елитна спортска манифестација.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе