Кина го сопре увозот на американски земјоделски производи

Кина го сопре увозот на американски земјоделски производи и може да наплати царини на неодамнешниот увоз на американски земјоделски производи, соопшти денес кинеското министерство за трговија.

Оваа објава на официјален Пекинг е нова фаза во кинеско-американската трговска војна која ги вознемирува глобалните пазари и инвеститорите.

„Поврзаните кинески компании ја суспендираа набавката на американските земјоделски производи“, објавено е во соопштението на кинеското министерство за трговија.

Кинеското министерство не ја објави вредноста на увозот на американските земјоделски производи кои ќе бидат подложени на новите царини.

Американскиот претседател Доналд Трамп ги засили тензиите меѓу двете земји минатата недела кога наметна царини од 10 отсто на 300 милијарди долари вреден кинески увоз од 1 септември, одлука за која Пекинг кажа дека е „сериозно кршење“ на постигнатиот консензус меѓу Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг во Осака.

„Кинескиот пазарен капацитет е голем и има одлични изгледи за увзо на висококвалитетни американски земјоделски производи“, соопшти кинеското министерство, додавајќи дека се надева дека САД ќе ги одржат ветувањата и ќе ги создадат „потребните услови“ за билатерална соработка.

Количеството американски земјоделски производи кои Кина ги купува беше нејзината слаба точка во трговските тензии со САД.

Останатите спорни прашања се заштитата на правата на интелектуалната сопственост во Кина и кинескиот извоз на фентанил и супстанци поврзани со фентанил, за кои американските власти тврдат дека е главната причина на умирањата од предозираност во САД.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе