Кина го смени својот највисок функционер во Хонг Конг

Кина го смени шефот на својата канцеларија за врска во Хонг Конг Ванг Жимин, објави денес кинеското министерство за човечки ресурси и социјална безбедност.

Смената следува по повеќемесечните, повремено насилни антикинески протести во Хонг Конг.

Комуникацијата меѓу Пекинг и Хонг Конг се одвива преку телото на кинеската влада, Канцеларијата за врска на централната народна влада во Хонг Конг.

Ванг беше највисокиот кинески функционер со седиште во Хонг Конг.

Ројтерс претходно јави дека Кина размислува за смена на Ванг незадоволна од тоа како канцеларијата за врска управувала со кризата.

Нов шеф ќе биде Луо Хуининг, повторно активиран откако беше сменет од фнкцијата секретар на Комунистичката партија во покраината Шанси.

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе