Со медали и аплаузи

Кина го слави успехот со коронавирусот додека Европа страда (ВИДЕО)

Кинеските лидери во вторникот одржаа триумфална церемонија за да ја прослават победата над коронавирусот, додека милијарди луѓе низ целиот свет сè уште страдаат од пандемијата, а глобалниот биланс на смртност се доближува до 900.000.

Додека во Пекинг владее добро расположение, низ цела Европа расте загриженоста поради враќањето на ковид-19: во последните неколку дена се заоструваат забраните во Франција и Британија, бројот на заразени скока, а училиштата се отвораат низ целиот регион.

Светскиот број на заразени денес се ближи до 28 милиони, над 900.000 луѓе починаа од оваа болест, а пандемијата не покажува знаци на стивнување

Но во Кина вирусот веќе го нема, веќе 24 дена не е забележан ниеден нов случај на локален пренос, а два нови увезени случаи вчера се забележани во Шангај и Сичуан. Победата беше остварена со комбинација од карантини и забрани за патување во почетокот на годинава, поради што официјалните лица сега ја промовираат нацијата како успешна коронавирусна приказна.

Претседателот Си Џинпинг рече дека Кина положила „извонреден и историски испит“ за време на доделувањето на медалите за медицинските професионалци придружено со војнички звуци и аплаузи.

„Брзо го постигнавме првичниот успех во народната војна против коронавирусот“, рече Си. „Ние го предводиме светот во економското закрепнување и во борбата против ковид-19“.

Кинеската пропагандна машинерија се обидува да го искористи наративот околу пандемијата, претставувајќи ја епидемијата како пример за агилност и организација на комунистичкото раководство.

Си искажа остри зборови за скептиците во Кина, велејќи: „себичните потези, префрлањата вина и делата што ги мешаат правилното и погрешното“ ризикуваат да му нанесат штета на целиот свет.

Пекинг го промовира и напредокот на своите вакцини како знак на глобално лидерство и отпорност.

Кина неделава првпат ги изложи своите домашни вакцини против ковид-19 на саем во Пекинг и властите се надеваат дека тие ќе бидат одобрени за употреба до крајот на годината.

Вакцините се меѓу скоро 10-те во светот што влегуваат во испитувања во третата фаза, што обично е последниот чекор пред одобрувањето од регулаторот, додека земјите се натпреваруваат да го спречат ширењето на болеста што продолжува да пустоши во големи делови на светот.

Шпанија во понеделникот стана првата земја во Западна Европа што надминала половина милион инфекции. Земјата главно имаше воведено контрола над својата епидемија, но случаите се зголемија откако на крајот на јуни беа укинати ограничувањата.

Во соседно Мароко владата ги затвори сите училишта и воведе карантин во Казабланка на денот кога требаше да се продолжи со наставата по зголемувањето на случаите во градот.

Официјални лица изјавија дека вирусот може да се рашири во оваа северноафриканска земја доколку не биде контролиран, но некои родители се налутија.

„Тие беа избезумени од среќа што ќе се вратат во училиште утре“, напиша еден татко за своите деца на Твитер. „Како да им го објасните ова на шестгодишно и на 8-годишно дете?“

Ограничувањата повторно се воведуваат во Франција, каде што уште седум региони беа ставени на црвената листа откако последователните дневни стапки на нови инфекции беа од 7.000 до 9.000.

И во Англија официјалните лица повторно почнаа да воведуваат мерки откако Велика Британија за време на викендот регистрираше ниво на инфекции што не беше забележано од крајот на мај. Земјата вчера воведе забрана за собири поголеми од шест лица.

Во Азија, Индија продолжи со отворањето на својата уништена економија дури и кога во понеделникот го надмина Бразил како втора најзаразена земја во светот со 4,2 милиони случаи. Возовите почнаа повторно да сообраќаат во главниот град Њу Делхи по петмесечната исклученост, а 12 други града исто така ги отворија метростаниците.

„За да продолжиме со животот, мора да излеземе од своите домови… затоа ова е добар потег на владата“, рече патникот Дипак Кумар во Делхи.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе