Кина го пријави првиот смртен случај како последица на ковид-19 во последните 8 месеци

Кина во четвртокот го пријави првиот смртен случај од коронавирус во последните осум месеци, воочи пристигнувањето на експертскиот тим од СЗО, пренесува АФП.

EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Повеќе од 20 милиони луѓе се затворени на северот на земјата, а една провинција прогласи вонредна состојба бидејќи дневниот број на случаи со ковид-19 се искачува по неколкумесечно пријавување на само неколку дневни случаи.

Се толкува дека Кина во голема мера ја ставила епидемијата на вирусот под контрола преку низа строги блокади и масовни тестирања. Но, во четвртокот, Националната здравствена комисија пријави уште 138 инфекции - највисок еднодневен резултат од март минатата година.

Здравствените власти не дадоа детали за последниот смртен случај, освен дека се случил во провинцијата Хебеј, каде владата стави неколку градови под блокада.

Властите минатата недела започнаа масовно тестирање и го затворија јавниот превоз, училиштата и продавниците во главниот град на Хебеј, Шиџијазуанг, епицентарот на најновата епидемија.

Соседниот Ксингтај, град со седум милиони жители, исто така е во карантин од минатиот петок, како и пет милиони луѓе од градот Лангфанг.

Поради ширењето на инфекцијата, североисточниот Хајлонгјанг во средата прогласи вонредна состојба, велејќи им на своите 37,5 милиони жители да не ја напуштаат провинцијата, освен ако не е апсолутно потребно, и велејќи дека јавните собири ќе бидат откажани.

Нема пријавено смртни случаи на територијата на континентална Кина од мај минатата година, а официјалниот број на починати сега изнесува 4.635.

Првата смрт од корона во последните осум месеци се случува во моментот кога Кина се подготвува за пристигнувањето на стручен тим научници од Светската здравствена организација, кој ќе започне политички чувствителна истрага за потеклото на пандемијата ковид-19.

Тим од десет члена се очекува да пристигне денес во текот на денот во Вухан, централниот кинески град каде вирусот за прв пат беше откриен кон крајот на 2019 година.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе