Кина го обвини Помпео за ароганција

„Секој кој се обидува да го понижи и заплаши кинескиот народ (...) ќе заврши на ѓубриште на историјата“, рече портпаролот на кинеската амбасада во САД.

Кина денеска го обвини шефот на американската дипломатија Мајк Помпео за „ароганција“, бидејќи во изјавата по повод 30-годишнината од растурањето на демонстрациите на плоштадот Тјенанмен во Пекинг, изјави дека САД од тогаш ја изгубиле секоја надеж за отворено кинеско општество.

„Тоа е навреда за кинескиот народ и сериозно кршење на меѓународното право и фундаменталните норми кои ги уредуваат меѓународните односи. Кина изразува силно незадоволство и силно спротивставување на изјавата на Помпео“, наведе портпаролот на кинеската амбасада во САД.

Како што наведе портпаролот, вчерашната изјава на Помпео за Тјенанмен и развојот на Кина се мотивирани од „предрасуди и ароганција“.

„Секој кој ќе се обиди да го понижи и заплаши кинескиот народ (...) ќе заврши на ѓубриште на историјата“, рече тој.

Помпео, наведе портпаролот на амбасадата, го искористи „изговорот за човекови права“ да даде изјава со која „се меша во внатрешните работи на Кина, го напаѓа нејзиниот систем ја навредува нејзината внатрешна и надворешна политика“.

Кинеската војска во ноќта помеѓу 3 и 4 јуни 1989 година ги растури повеќе неделните протести на плоштадот Тјенанмен. Во таа прилика, настрадаа многу луѓе, но не се знае точниот број на жртви.

Помпео вчера им оддаде почит на „хероите на кинескиот народ, кои пред 30 години храбро се собраа на плоштадот Тјенанмен барајќи ги своите права“.

„Во децениите потоа, САД се надеваа дека интеграцијата на Кина во меѓународната заедница ќе доведе до поотворено и толерантно општество. Овие надежи исчезнаа. Кинеската еднопартиска држава не толерира никакво несогласување и ги крши човековите права секогаш кога ѝ е во интерес“ наведе државниот секретар.

Во соопштението на кинеската амбасада се зборува само за „политички инцидент од крајот на осумдесеттите години“ и се наведува дека кинеската влада и народ одамна „пресудија“ на таа тема.

„Човековите права во Кина никогаш не биле во подобра состојба. Кина е силно ангажирана на патот на мирен развој и развојот на човековите права во Кина и во целиот свет“, се вели во соопштението.

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе