Ќе ѝ биде предаден на употреба на воената морнарица по тестирањето

Кина го доби својот трет носач на авиони во време на силни тензии околу Тајван (ВИДЕО)

Кина официјално го спушти во вода својот трет носач на авиони на церемонија организирана во бродоградилиштето во Шангај, јави државната новинска агенција Синхуа.

Скриншот

Тоа е вториот носач на авиони кој е целосно изграден во Кина и е технолошки многу понапреден од неговите претходници.

Ќе ѝ биде предаден во употреба на воената морнарица по тестирањата на море.

Синхуа не објави кога е предвидено бродот да почне да се користи, но тоа би требало да се случи во следните неколку години.

Бродот е наречен Фуџијан, по името на една кинеска провинција, како и другите два кинески носачи Лијаонинг и Шандонг.

Неговото спуштање во вода се случува во време на силни кинеско-американски тензии околу Тајван, одметнатиот остров од 24 милиони жители кој Кина го смета за своја историска територија.

Незадоволна од приближувањето на САД и Тајван во последните години, кинеската воена морнарица повеќе пати ги испрати своите носачи на авиони во Тајванскиот теснец кој го дели кинеското копно од островот.

Третиот носач на авиони е многу поголем од своите два претходници и е технички многу понапреден, со моќен катапулт за авиони наместо писта-скокалница, јави Синхуа.

Според агенцијата Џејнс специјализирана за воени податоци, САД имаат далеку најмногу носачи на авиони во служба, 11, пред Кина која има три, Британија со два, и Русија, Франција, Италија, Индија и Тајланд со по еден.

Првиот кинески носач на авиони Лијаонинг беше пуштен во употреба во 2012 и главно се користеше како платформа за обука. Собраните знаења потоа послужиле за изградва на Шандонг, првиот носач на авиони изграден во Кина кој почна да се користи на крајот на 2019 година.

Легенда под Главна слика

Скриншот

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе