Кина ги предупреди САД: Можна е нуклеарна војна, сите европски земји ќе треперат

Кина предупреди дека САД би можеле да се соочат со „тешки последици", вклучително и нуклеарна војна, доколку на Украина ѝ се дозволи да се приклучи на Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО). „Сите европски земји ќе треперат под сенката на можна нуклеарна војна", предупреди Пекинг во објавениот едиторијал во неделата во државниот Глобал Тајмс.

Фото: ЕПА

„Во тој случај нема да има безбедност за никого, ниту за Украина, ниту за светот“, пишува весникот. „Наместо да бара решенија за ставање крај на конфликтот, Вашингтон одново и одново покажува дека САД одат во друга насока – разгорувајќи го пламенот на војната“, се додава.

Претседателот Володимир Зеленски го обнови својот повик да се приклучи на Алијансата додека Русија анектираше четири региони во Украина.

Запрашан за барањето на Зеленски да се забрза членството на Украина во НАТО, американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан минатата недела рече дека сега „не е вистинско време“ и дека барањето „треба да се разгледа во некое друго време“.

Кина го повика НАТО целосно да се повлече од Источна Европа.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе