Кина ги предупреди Чесите и Словаците поради посетата на тајвански министер: „Внимателно ве следиме“

Пекинг ги предупреди Словачка и Чешка, пред посетата на министерот за надворешни работи на Тајван на двете држави, дека никој не треба да има илузии околу „нужните мерки“ кои Кина ќе преземе во одбрана на својот суверенитет.

EPA-EFE

Кина, која го смета Тајван за своја територија, секогаш гневно реагира кога високи тајвански функционери посетуваат други земји гледајќи на тоа како скриена поддршка на желбата на островот да биде држава.

Тајванскиот министер за надворешни работи Џозеф Ву следната недела ќе ги посети Словачка и Чешка. Ву најпрво ќе учествува на форум во Словачка во организација на локална аналитичка група, а потоа ќе оди во Прага за да се сретне со претседателот на горниот дом на чешкиот парламент и градоначалникот на Прага.

Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Ванф Венбин кажа дека внимателно ќе ја следат посетата на Ву.

На прашањето дали Кина ќе преземе чекори против Словачка и Чешка, кажа дека Кина „ќе преземе соодветни и потребни мерки за цврста одбрана на националниот суверенитет и територијалниот интегритет. Никој не би требало да има илузии околу тоа“.

Кина веќе е во спор со Литванија откако таа со Тајван договори отворање фактички амбасади во главните градови на двете земји.

Тајван нема дипломатски врски со ниту една европска земја освен Ватикан.

Поради притисоците од Кина, многу земји не сакаат да ги примат тајванските министри, иако Ву ја посети Данска во 2019 за да зборува на самит за демократијата во Копенхаген.

Кина го засили својот воен и дипломатски притисок врз Тајван за да го присили да го прифати кинескиот суверенитет.

Тајван тврди дека е независна земја со право на меѓународно третирање како таква и дека ќе се брани од Кина ако биде нападнат.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе